Дали Богоев дозволил шверц на 1.200 кг скапи телефони? Зошто царина молчи за скандал од стотици илјади евра?-прашува ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо Царинската управа да ја извести јавност дека полицијата во акција спречила шверц на телефони, кои поминале на нивна контрола, тоа се дознава од медиумите.
Имено комбе полно со скапи телефони, т.е. со пакети тешки 1.200 кг е фатено на автопатот Петровец – Скопје откако веќе ја поминало Царината која евидентирала дека истото превезува друга стока, а не телефони.
Да не била акцијата на полицијата 1.200 кг скапи телефони ќе завршеле на црниот пазар.
Доколку се направи едноставна математика и се земе дека во комбето имало само 1.200 телефони, кои би се продавале по цена од 500 до 1.000 евра се доаѓа до сума од над половина милион до еден милион евра. Тоа е сериозен криминал, кој очигледно е правен во содејство со власта.
Дали Царинската управа го овозможила ваквиот криминал и дали зад сето ова стои Стефан Богоев, потпретседател на СДС?
Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.