Законот за игри на среќа и забавни игри не е усвоен

Пропадна вториот обид да се донесе Законот за игри на среќа. Прво го стопираше претседателот на државата, а сега не доби поддршка од пратенците. Во Собранието настана конфузија дали е донесен или не, по што реагираа собраниските служби, дека не е усвоен. На веб страницата,пак,стојат други податоци.

Законот за игри на среќа и забавни игри не е усвоен. Доколку беше изгласан објектите за игри на среќа ќе требаше да се оддалечат повеќе од 500 метри од основните и средните училишта.

Од Собранието соопштија дека на 145 -та седница законот добил поддршка од 51 пратеник, со што не се исполнети условите за Законот да биде усвоен и со тоа завршува процедурата по тој Закон.

Претседателот на Собранието, Јован Митрески по гласањето не беше јасен, еднаш рече дека законот не е донесен, а потоа дека е донесен. По што следниот ден од собраниските служби дообјаснуваа што сакал да каже. На собранискиот сајт се уште стои податокот дека законот е донесен.

„Констатацијата од страна на претседателот на Собранието при одлучувањето за законот игри на среќа и забавни игри се однесуваше на мнозинството што е потребно за донесување на овој закон во редовна постапка“, велат од Собранието.

slobodnaevropa.mk