Топлото пролетно време продолжува и наредната седмица!

Според моменталните метео анализи со кои располагаме, и во текот на следната седмица продолжува топлото пролетно време со пролетни температури на воздухот. Дури и утринските температури се очекува да бидат над нулата.

Времето ќе биде типично за март, што значи дека повремено ќе има услови за локални и послаби врнежи од дожд (ништо сериозно барем отсега гледано).

Мора да напоменеме дека во текот на следната седмица максималните дневни температури на воздухот ќе бидат уште повисоки и понекаде тие ќе надминуваат 20 степени, стои во новата објава на метеопрогнозерот Славчо Попоски.