На 15.03.2024 во 10.40 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна единица при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(21) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени 37 пакувања хероин и марихуана. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што, исто така, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со хероин, марихуана, четири дигитални ваги и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Во консултација со јавен обвинител против лицето е поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка му е определен притвор.
Related Posts
In memoriam: Почина Снежана Стамевска на 79 години
Ја информираме јавноста дека ја примивме тажната вест дека на 79 годишна возраст не напушти големата актерка Снежана Стамеска. Беше…
„Правда за Вања“ -протест во сабта за свирепото убиство на девојчето
Свирепото и монструозно убиство на четиринаесет годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, го крена народот на нозе, кој не може да…
МТВ го поништи решението на градоначалникот Пецаков со кое беше стопирана градбата на хотелот во Лагадин, потсетување Заев најави дека хотелот ќе се легализира
Министерството за транспорт и врски го поништи решението на градоначалникот Кирил Пецаков со кое беше стопирана градбата на хотелот во…