Поддршка од ТИКА за земјоделците во Македонија

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) организираше церемонија за примопредавање во рамките на проектот за поддршка на оранжерии и земјоделска опрема во Гостивар, јавува Анадолу.

На церемонијата на предавање на опремата, организирана на спортското игралиште во гостиварското село Горна Бањица, присуствуваа координаторот на ТИКА во Скопје, Мехмет Бајрак, претседателот на Сојузот на турски невладини организации на Македонија (МАТУСИТЕБ), Тахсин Ибрахим, како и земјоделците од регионот.

Во изјавата за новинарите, Бајрак рече дека ТИКА ги развива своите проекти и активности во Северна Македонија од 2005 година во областите како образованието, здравството, културната соработка, зајакнувањето на цивилната и административната инфраструктура, како и развојот на земјоделството и сточарството.

Тој истакна дека секоја година ТИКА се труди да даде поддршка во рамките на проектите за унапредување на одржливото земјоделско производство што ги започна во 2007 година, особено во рамките на поддршката на семејствата кои живеат во руралните средини и се занимаваат со земјоделски активности.

Бајрак нагласи дека како ТИКА досега обезбедиле оранжерии за околу 1.000 земјоделски семејства, а на околу 600 семејства им биле доделени садници од јагоди, ореви, сливи, калинки и друго.

„Како ТИКА работиме со пристап фокусиран на човекот при спроведувањето на нашите проекти и активности, и се стремиме позитивно да влијаеме врз животот на граѓаните на Република Северна Македонија. Нашите два проекта што ги реализираме денес, проектот за поддршка на оранжериите и земјоделската опрема, се меѓу најдобрите примери во оваа смисла“, рече Бајрак.

Најавувајќи дека како дел од проектот, на 100 земјоделски семејства од 11 различни региони им е доделена оранжериска опрема со системи за наводнување „капка по капка“ од 125 метри квадратни, Бајрак истакна дека обезбедиле и семенски материјал за домати и пиперки за овие оранжерии.

„Испорачавме мотокултиватори за обработка на земјата кои ќе можат заедно да ги користат 200 семејства. 20 земјоделски машини за прскање ѓубриво и шест машини за садење кромид и компир. Со дадената поддршка, нашите земјоделски семејства ќе можат да произведуваат во текот на целата година, без оглед на сезонските услови“, нагласи Бајрак.

Тој рече дека ТИКА има за цел да го зголеми економскиот приход на земјоделските семејства со обезбедената поддршка, со што придонесува за руралниот развој.

Земјоделката Суад Мунган истакна дека почнале да се занимаваат со земјоделство во Демир Капија.

„Би сакала да им се заблагодарам на ТИКА и Туркије што ни помогнаа во овој процес“, рече таа.

извор:Анадолу.
фото:Анадолу.