Српскиот пејач Ацо Пејовиќ со јавноста сподели како заминувањето на Света гора му го променило животот

Српскиот пејач Ацо Пејовиќ со јавноста сподели како заминувањето на Света гора му го променило животот и како посетата влијаела врз него како човек.

Како што и самиот вели по посетата на манастирот Хиландар се започнало кон подобро.

-Верата ти помага да го сочуваш семејството, па така се трудев на семејството и децата да им објаснам што се вистински, а што погрешни вредности. Се трудам секоја година да одам на Хиландар, а гледам дека многу млади луѓе заминуваат на Света гора.

Таму е добро да се отиде, бидејќи човек за 4,5 дена се преиспитува себе си, тоа е некој издувен вентил кој никој не може да ми го пружи, ни скијањето кое го сакам многу не може да ми го надомести тоа. Не постои ниту еден одмор кој може да ми ја одмори главата од тој таму, вели пејачот.

Тој вели дека како пејач по кафеани видел се и сешто, но дека душевниот мир му дава сила да се воздржи и да биде исправен човек иако тоа во денешно време не е ниту малку лесно.

Пејовиќ вели дека од манастирот секогаш се враќа препороден, а темјан секогаш зема за да го запали во домот.

 

narodenlek.com