Девојчето Данка Илиќ (2) исчезна во вторникот попладне во Бањско поле кај Бор.
Исчезнала во 13 часот и 45 минути кога нејзината мајка отишла да му полие вода на постарото дете.
– Се свртев да му дадам вода на другото дете и кога повторно погледнав, ја немаше – изјави преплашената мајка за Телеграф.
Веста за нејзиното исчезнување брзо се прошири на социјалните мрежи, а во потрагата по малата Данка покрај војската и полицијата се вклучија и кучиња трагачи, но и граѓаните на Бор и околината.
Во Србија за прв пат е активиран Амбер системот за алармирање наречен „Најди ме“, а информациите за девојчето Данка ќе бидат испратени преку СМС до сите граѓани на Србија со цел да се помогне и да ја алармира полицијата во случај да има информации за исчезнато двегодишно девојче.
Во Бањско поле има и новинари на Телеграф, кои вчера имаа можност да разговараат со мајката на Данка, како и загрижени соседи кои се вклучија во потрагата.
Секој со каква било информација може да се јави кај мајката на 0652816041.
telegraf.rs