Oд зграда во Тетово овојпат фрлен предмет, по што во глава бил погоден случаен минувач

Вчеравечер во 21.00 часот во СВР Тетово, М.Ј.(54) од Тетово пријавила дека при поминување на улица „107“ во Тетово, од некоја од зградите бил фрлен тврд предмет, кој ја повредил на главата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од СВР Тетово.

Пред неколку дена јавноста беше згрозена од снимка на која се гледа куче кое паѓа од тетовска зграда во изградба.