Две лица приведени за пукањето во Арачиново

0
121

Две лица се приведени под сомнение за помагање во вчерашниот обид за атентат врз градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими, објави телевизија Сител.

Се прават напори да се идентификува и да се приведе напаѓачот кој вчера со автоматска пушка отвори оган врз градоначалникот кој доаѓа од редовите на ДУИ.

Иако мотивите за последниот напад се уште официјално не се познати, во медиумите веќе се шпекулира дека станува збор за внатрепартиска пресметка во ДУИ, но нејзиниот лидер Али Ахмети денеска само кусо одговори.

– Мислам дека претходно беше разговарано за да се надминат разликите меѓу Ајвази и градоначалникот на општината, го направивме невозможното, но се што направивме не успеа – кусо изјави Ахмети.

Градоначалниот Ибрахими и пред една година пријавил закани по живот кои ги добивал од поранешниот градоначалник на Арачиново, Брахим Ајвази. Проблемот бил поради имотно-правни прашања, но за вчерашниот напад се уште не се знае дали е од истата причина.

Од Клиниката за торакална хирургија денеска информираа дека состојбата на 21-годишниот А.А. кој беше ранет во вчерашната престрелка во Арачиново, е стабилна состојба. Од Градска болница велат дека и другиот ранет, 39-годипниот Е.С., е во добра состојба.