Полицијата веќе 16-ти ден работи на расветлување на случајот со убиството на девојчето Данка Илиќ (2), кое исчезна на 26 март и се претпоставува дека е убиено истиот ден.
Поради ова дело, полицијата уапси двајца осомничени – Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, на кои минатата недела им беше одредена мерка притвор до 30 дена. Во петокот, на 5 април, Д.Д и Р.Д., братот и таткото на осомничениот Дејан, се приведени поради сомнение дека му помогнале да го пренесе телото на девојчето на друга локација.
Денеска ќе биде погребан братот на осомничениот Дејан, Д.Д., кој почина во притвор.
Иако телото е еден од клучните докази за убиството, полицијата во моментов располага со најмалку пет докази кои можат да ги доведат Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, кои се осомничени за убиството на девојчето, на доживотен затвор.
telegraf.rs