Едно лице загина, а пет се повредени, меѓу кои две деца, откако вооружени напаѓачи отвориле оган во станбена област во Вашингтон, соопшти американската полиција.
Врз основа на прелиминарните информации, осомничените излегле од возилото и „почнале да пукаат во толпа луѓе надвор“ во средата, нешто по 18:00 часот по локално време, изјавила началникот на полицијата Памела Смит на новинарите, пренесува ABC News.
Еден човек е убиен во престрелката, рече Смит.
Двајца мажи, една жена и две момчиња, на возраст од девет и дванаесет, се пренесени во болница со повреди кои не се опасни по живот.
Полицијата соопшти дека трага по светло синото возило „тојота“ во кое двајцата осомничени за пукањето се оддалечиле од местото на настанот, јавува ABC News.
telegraf.rs