Славески: Корупцијата е рак рана на македонското општество тоа го констатираа и експерти од државава и меѓународниот фактор, владата на ВМРО-ДПМНЕ жестоко ќе се бори против корупцијата

„Корупцијата е рак рана на македонското општество, сите гледаат што се случува во државава,. Ова е констатирано не само од обичните граѓани, туку од експерти и надворешни набљудувачи и оттука таа зазема една од централните позиции во програмата на овие избори на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Трајко Славески, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на МРТ.

„Фискалниот простор е стеснет драматично во Република Македонија заради високиот јавен долг, високите буџетски дефицити кои ги практикува владата во заминување и некои преземени обврски, пред се тука е договорот за коридорот 8 и 10 со Бехтел и Енка кои зафаќаат голем простор во буџетот, а не знаеме со која динамика и износи ќе се реализира“, вели Славески.

Славески посочи дека задача број еден на наредната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ е да обезбеди макроекономска стабилизација во државава.

„Задача број еден на наредната влада е да обезбеди макроекономска стабилизација. Стабилност за цените односно да ја прекине оваа спирала плати – цени. Кај инфлацијата исто така, тоа го укажа Светска банка, и има една друга категорија која се нарекува вградена инфлација која ги вклучува цените на одредени променливи категории како што се берзански производи, храната и енергијата и она што станува тоа се домашни фактори. Сега кај нас ако е 4% нешто што треба да загрижува, ние за еден месец имавме инфлација од скоро 1% односно 0,9% и ако продолжи тој тренд инфлацијата на годишно ниво ќе биде над 13-14%“, истакна Славески.