Трето место за Игор Стефановски -Иџе во Австрија на стартот од Европскиот ридско-брзински шампионат на ФИА
Македонскиот автомобилист Игор Стефановски-Иџе се искачи на подиумот на отворањето на сезоната во Европскиот ридско-брзински шампионат на ФИА во Австрија, каде што го освои третото место во групата 1.
Нашиот Иџе патеката во Рехберг ја извози за вкупно време од 4:04,213 минути во двете трки. Подобри од него беа само домашниот натпреварувач Карл Шагерл, кој победи со 3:48,417 мин., пред Рони Брачи од Чешка со вкупно време 3:55,487 мин.
javisejuzna.mk