Денес (Велигден) не очекува потопло време за разлика од вчера, со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени. Сепак и покрај сончевото време, Атмосферата нема да биде во целост стабилна, па така во попладневните часови се очекува изолирана нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во Скопје и околината денес на ден Велигден времето ќе биде стабилно, суво и сончево. Попладне сосема се мали условите за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи.
Максималната температура утре во Скопје ќе се искачи до околу 24 степени, пишува во најновиот извештај од метеопрогнозерот Славчо Попоски.