Легендарниот кошаркар Мајкл Џордан отвори клиника во својот роден град Вилмингтон, а при презентацијата на проектот не можеше да ги задржи солзите.
Донацијата на Џордан од 10 милиони долари овозможи да се отвори клиника во која ќе може да се лекуваат лица кои немаат доволно финансиски средства.
Клиниката ќе овозможи лекување на лица кои не се осигурани или немаат доволно пари за здравствени услуги.
sport1.mk