Денес претседателката Гордана Силјаноска Давкова слави роденден, полни 71 година

Гордана Силјановска-Давкова (родена на 11 мај 1953 година во Охрид) — македонски универзитетски професор, правник, пратеник во Собранието на Македонија.Таа станала претседател на Македонија, откако победила во вториот круг на претседателските избори на 8 мај 2024 година.

Гордана Силјановска-Давкова е родена на 11 мај 1953 во Охрид. Основно и средно образование завршила во Скопје (1973). Дипломирала на Правниот факултет во Скопје (1978), каде што и магистрирала. Докторирала пред комисија предводена од проф. Франц Град со „Cum laude“ на Правниот факултет во Љубљана, на тема „Local Selfgovernment – between Norms and Reality“ во 1994.

Била избрана за асистент по предметот политички систем на Правниот факултет во Скопје (1989), за доцент по уставно право и политички систем (1994), а потоа и за редовен професор во 2004. Била член на Уставната комисија на Собранието на РМ (1990-1992) и министер во Владата на РМ (1992-1994). Експерт за избори на ООН и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа. Член на Венецијанската комисија. Автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем.

На конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ која била одржана во Струга, Гордана Силјановска-Давкова била избрана за претседателски кандидат.
На парламентарните избори во 2020 година, Силјановска е носител на кандидатскиот список за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Изборна единица 1. Од август 2020 година, таа е пратеник во македонското Собрание.