Во Соединетите Американски Држави, дневната и речиси секојдневна употреба на марихуана е позастапена од сличните нивоа на консумирање алкохол, покажува анализата на националните податоци собрани во текот на четири децении.
Авторот на студијата, Џонатан Колкинс од Универзитетот Карнеги Мелон, вели дека консумацијата на алкохол е сè уште почеста, но дека во 2022 година, интензивното ниво на употреба на марихуана за прв пат го надминало честото консумирање алкохолни пијалоци, пишува Асошиетед Прес, а пренесува Гласот на Америка.
„Добри 40 проценти од оние кои користат канабис го прават тоа секојдневно или речиси секојдневно, тренд кој е повеќе поврзан со употребата на тутун отколку со редовното консумирање алкохол“, вели Колкинс.
Истражувањето, засновано на податоците од Националното истражување за употребата на дроги и здравјето, беше објавено во средата во списанието „Зависности“. Истражувањето е високо ценет извор на проценки за употребата на тутун, алкохол и дрога во САД.
Според студијата, пред две години, околу 17,7 милиони луѓе користеле марихуана дневно или речиси секојдневно, во споредба со 14,7 милиони кои пиеле алкохол со иста стапка.
Стапката на дневна или речиси секојдневна употреба на марихуана по глава на жител се зголемила за 15 пати од 1992 до 2022 година.
Тој тренд одразува промена во политиката кон марихуаната.
Повеќето американски држави сега дозволуваат употреба на марихуана за медицински или рекреативни цели, иако таа сè уште е нелегална на федерално ниво.
Пред две години, околу 17,7 милиони луѓе користеле марихуана дневно или речиси секојдневно, во споредба со 14,7 милиони кои пиеле алкохол со иста стапка, според студијата.
Стапката на дневна или речиси секојдневна употреба на марихуана по глава на жител се зголемила за 15 пати од 1992 до 2022 година.
Тој тренд одразува промена во политиката кон марихуаната.
Во ноември, гласачите на Флорида ќе одлучат за амандман на уставот на државата што ќе дозволи рекреативна употреба на марихуана, додека федералната влада планира да ја назначи како помалку опасна дрога.
Истражувањата покажуваат и дека честите корисници имаат поголема веројатност да станат зависни од марихуана, вели доктор Дејвид Горелик, професор по психијатрија на Медицинскиот оддел на Универзитетот во Мериленд.
Горелик, кој не бил вклучен во новата студија, вели дека бројот на дневни корисници сугерира дека постои ризик повеќе луѓе да развијат проблематична употреба на канабис или да станат зависни.
„Честата употреба исто така го зголемува ризикот од развој на психоза поврзана со употребата на канабис, што е сериозна состојба кога лицето губи допир со реалноста“, предупреди тој.
slobodnaevropa.mk