Четиригодишно дете паднало во казан со гулаш вчера во Србија за време на одржување на „гулашијада“ во војводинското село Баранда.
Детето со брзата реакција на полицијата било извлечено од казанот и потоа било префрлено во болница во Белград. Според неофицијални информации, детето е на интензивна нега и е надвор од животна опасност.
Нова.рс пишува дека до несреќата дошло кога дете кое возело велосипед удрило во дрвен столб кој го оградувал просторот каде што се варел гулашот и се одржувал собирот. Детето тогаш од силината на ударот паднало во казанот.