Од денес многу постабилна атмосфера и многу повеќе сонце – Топлиот бран од Африка продолжува

0
106

Конечно од денес во Македонија ќе имаме значително постабилна атмосфера, а времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност.  Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец, и истиот повремено и локално ќе засилува на интензитет.

Сепак и покрај ова, во попладневните часови не се исклучува можноста за ретка појава на пороен дожд и грмежи, особено во планинските предели.

И во Скопскиот регион од денес времето ќе биде многу постабилно и со многу повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Што се однесува до температурите, тие во следните неколку денови ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35  степени, додека во централните  и во југоисточните предели тие локално би можеле да надминат  и 35 степени.

Во Скопје во следните денови максималната дневна температура ќе се искачи до околу 31-32 степени.

Се на се, и во наредниот период ќе бидеме под влијание на оваа топла воздушна маса која продира од Африка, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk