Да го вратиме малиот Матео дома, семејството бара помош !

Тој е итно пренесен и хоспитализиран во Белград со дијагнозата Syndroma haemolyticouaremica.

Малиот Матео боледува од болест која доведува до брзо откажување на функцијата на бубрезите, хемолитичка анемија и намалување на бројот на тромбоцитите. Со оглед на сериозноста на дијагнозата, како и последиците од истата по краткиот престој во Систина малиот Матео е однесен во Србија каде лекувањето продолжува. Во моментот состојбата се подобрува, но финансиите кои се потребни се превисоки за семејството да може да ги подмири.

Семејството апелира добронамерните луѓе да помогнат со донирање парични средства за Матео да може да се врати дома. Тие информираат дека се одбиени од Фондот за здравство и потребна им е нашата помош.

На семејството му се побарани 15 илјади евра за продолжување на лекувањето, а досега се собрани речиси 20% од неопходните средства.

Може да се донира ECrowd платформата на следниот ЛИНК