Вулканот Ибу во Индонезија денеска двапати еруптираше, исфрлајќи вжештена лава, а нивото на предупредување е подигнато на четврто највисоко ниво, објави државната вулканолошка агенција PVMBG.
Вулканот Ибу се наоѓа на планина на височина од 1.325 метри на источната страна на островот Халмахера, а првата ерупција била рано утринава, а втората ерупција фрлила вулканска пепел до висина од 1.200 метри, изјавил за Ројтерс претставник на PVBG. .
Агенцијата ги забрани сите активности на седум километри од кратерот на вулканот.
Во вторникот еруптираше и вулканот Ибу, исфрлајќи вулканска пепел до пет километри во воздухот.
Властите од 16 мај евакуираа седум околни села, а по последната ерупција не се планирани нови евакуации.
telegraf.rs