Облак од сахарска прашина и песок пристигнува над Македонија, ќе биде мачно и спарно

0
143

Покрај многу топлиот бран од Африка кој веќе ни условува многу високи температури на воздухот кој се натпросечно високи за месец јуни, од денес, па во најголемиот дел од новата работна недела, од Сахара над нашата територија, но и на територијата на целиот регион ќе пристигне облак од Сахарска прашина и песок, па така и атмосферата нема да биде чиста, односно ќе биде многу заматена поради веќе спомената прашина  и песок кој доаѓаат од Сахара.

Времето ќе биде многу мачно и спарно, а температурите ќе чувствуваме како да се многу повисоки од реално измерените.

Инаку во следните денови ќе биде уште потопло, па така максималните дневни температури на воздухот насекаде низ Македонија ќе надминуваат 30 степени, на повеќе места тие ќе се искачат  и до околу 35 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие локално ќе се искачат дури и до околу 40-41 степен, особено во вторник и во среда, пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk