Почина Марија, самохрана мајка на 3 девојчиња, се бореа за неа до последен момент

0
187

Денеска почина Марија Шапоњиќ (37), самохрана мајка на која и беше дијагностициран малигнен тумор на дебелото црево.

На социјалните мрежи беше објавена црна вест.

Таа до пред четири години водела сосема нормален живот, додека еден ден не се појавиле првите симптоми кои траеле неколку месеци.

Србија се здружи и собира помош со испраќање СМС 1382 на 3030, организирање хуманитарни аукции, организирање настани или плаќање на сметката.

Марија сака да се бори, да гледа како нејзините деца растат, а за тоа и е потребна помош во вид на донации од сите луѓе со добра волја. Марија е самохрана мајка на три девојчиња кои и помагаат во се и имаат една желба – нивната мајка да оздрави.

Досега на Марија и биле отстранети 14 тумори од дебелото црево и карлицата, како и дел од дебелото црево и оттогаш Марија носи стома. Во декември 2020 година, следеше операција на црниот дроб, кога беше отстранет малигнен тумор од црниот дроб.

За жал, таа не ја преживеа напорната борба со страшната болест.

 

telegraf.rs