Влен: Универзитетот на Рамиз Мерко, кој е на американската црна листа, доби aкредитација за Медицински факултет

0
150

Универзитетот на Рамиз Мерко, кој е на американската црна листа, доби бакшиш од министерот на Рамиз, Јетон Шаќири, Акредитација за Медицински факултет!, обвини Влен

Овој Универзитет, познат како „Универзитет на Мерко“, кој го води Арменд Кадриовски, е познат по „производството“ на итни дипломи, како Универзитет каде што низ годините, преку ноќ, дипломирале повеќе од половина од функционерите на ДУИ, како и многу членови на семејствата на функционери кои потоа се вработиле на различни работни места.

Ова е ДУИ, овие се функсионери кои се на Црната листа на САД, на кои криминалот им нема граници. За овој скандал министерот Јетон Шаќири мора да даде отчет пред јавноста и да ги покаже сите причини зошто го акредитирал Универзитетот на Мерко да има и Медицински факултет, да посведочи дали овој Универзитет има соодветни кабинети за изучување на предметите од медицината, но и рамка на академски барања.

Но, оваа дејство на ДУИ на Али Ахмети и Рамиз Мерко, го докажува фактот дека зелените кои станаа Фронт, се главната причина зошто албанскиот мозок ја напушта земјата и работи во Европа и на други места, зошто кај нас вистинските интелектуалци и професионалци ја напуштат државата, а Албанците се претставени со незнаење кое ги осиромашува и ги протерува од татковината.

Но, бизнисот на ДУИ и Рамиз, кој функционираше во стилот: земи ја „картичката“ на ДУИ, купи диплома од Рамиз и работата ти е сигурна му доаѓа крајот затоа што новата Влада ќе ги истражува сите случаи на продажба на дипломите и функционирањето на Универзитетите како што е Универзитетот „Мерко

извор: Република