Маж одел гол низ Загреб и кршел автомобили со секира во неговиот дом пронашле женско тело

Полицијата во Загреб денеска околу 14 часот и 25 минути добила дојава за маж кој шетал гол по улица во областа Суседград и оштетувал автомобили со секира.

Мажот потоа се упатил на домашната адреса, каде што полициските службеници го пронашле и го однеле во службените простории. Во куќата е пронајдено тело. Според првичните информации, најверојатно се работи за постар член на семејството.

Во овој момент не може да се утврди причината за смртта со оглед на состојбата на телото поради долгото време поминато од смртта.

На терен излегла увидна екипа на полициската управа во Загреб. Мажот е под полициски надзор. Кривичната истрага е во тек, објави Индекс.