Ја изразувам мојата благодарност за сета доверба, но и одговорност, кои ми ги укажаa претседателот Христијан Мицкоски, Извршниот Комитет и Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, предложувајќи ме за министер за финансии во идната Влада на Република Македонија.Знам колку големи се очекувањата на сите граѓани на Македонија во овие тешки времиња, добро се сеќавам на сите разговори во изминатите години со секој еден граѓанин со кој се сретнав и знам на што се обврзав.Свесна сум за одговорноста која нѐ очекува по преземањето на функциите, но исто така знам дека со посветена работа секоја препрека ќе ја надминеме.Програмата по која ќе работи идната Влада на Република Македонија има голема задача, а таа е враќање на Македонија на народот.Нѐ чека многу работа и уште повеќе проблеми, празен буџет кој е лошо планиран и што уште не. Но, ќе работиме, тоа е единственото што го знаеме, затоа што секој од нас е посветен работник.Успеавме Македонијо, за подобри и поубави денови во иднина, напиша на својот ФБ профил Гордана Димитриеска – Кочоска.
Related Posts
Владата донесе одлука за замрзнување на цените на јајцата и оризот
Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и обврска…
Владата донесе одлука за забрана за извоз на огревно дрво, пелети, пченица и брашно
Забрана за извоз на огревно дрво, пелети, пченица и брашно. Укинување на царината за масло за јадење до крајот на…
Николоски: Планираме да направиме отворен систем на патарини
Се обидувам да најдам грант средства за да направиме отворен систем на патарини и да ја зголемиме ефикасноста на патувањето,…