Полицијата трага по седум лица од Непал кои работеле во Скопје

0
103

Полицијата трага по седум лица од Непал кои се пријавени за исчезнати во два одвоени случаи.

Во првиот случај, скопјанецот Љ.Џ. (36) вчера околу 15:45 часот пријавил дека две лица од Непал, кои биле вработените во фирма каде тој е овластено лице, се оддалечиле од хотелот каде престојувале.

Сопственикот на правен субјект од Скопје, М.Н.(41) од Скопје, исто така вчера пријавил во 14 часот дека пет лица од Непал, кои биле вработени кај него, се оддалечиле од подрачјето на општина Аеродром во Скопје.

Во два случаи полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата.

kurir.mk