Експозија од заостаната мина во Хрватска – туристи се повредени, а дете загина

0
85

Во експлозија во местото Обровац, кај Задар загина дете, а две жени се повредени и со возило на Брза помош се пренесени во Општата болница во Задар за понатамошна лекарска помош, соопшти полицијата во Задар.

Според неофицијалните информации што ги објави „Слободна Далмација“, настраданите се туристи од Чешка, а несреќата најверојатно била предизвикана од експлозија на мина заостаната од војната.

Полициски службеници го обезбедуваат местото каде што се случила експлозијата, а регионалниот пат е затворен за сообраќај.

Жупанискиот пат ŽC-6025 Билишане – Богатник е затворен за секаков сообраќај од 20:05 часот, а на возачите им се препорачува да користат други обиколни правци.