Суспензија од два меча за албанскиот фудбалер Даку од УЕФА за навредите кон Македонците и Србите

0
112

Европската куќа на фудбалот УЕФА донесе одлука по дисциплинската постапка за албанскиот репрезентативец Мирлан Даку по неговото скандалозното скандирање и однесување по завршување на натпреварот меѓу Албанија и Хрватска во Хамбург на ЕВРО 2024.

Даку е казнет со два меча суспензија од УЕФА поради националистички скандирања „Е.и ги Македонците…, е.и ги Србите…“ по дуелот со Хрватска.

По добиената суспензија од УЕФА, Даку ќе го пропушти утрешниот натпревар на Албанија против Шпанија во последното коло од групната фаза, но и евентуален осминафинален дуел на ЕВРО 2024, доколку Албанија успее да се пласира во следниот круг.

Поради скандалозните навреди кон Македонците и Србите, Даку ќе биде казнет и од својот клуб рускиот Рубин Казан, кој синоќа објави дека фудбалерот сигурно ќе добие финаниска и друг вод на казна.

Казна од УЕФА од 47500 евра поради инцидентите на албанските навивачите во Хамбург, доби и Фудбалски сојуз на Албанија.

Казната е за употребата на пиротехнички средства од страна на нивните навивачи, за упадот на терен како и за несоодветните националистички пораки за време на натпреварот.