(ВИДЕО) Ременски се фати за машина и се потсети: Да си шнајдерско дете е школо многу поголемо од сите најголеми што ги изучив до сега!

0
128

❤ Човекот живее додека живее споменот за него и додека се грижиме за вредностите кои ни ги дарил преку работа, ука, укор, воспитание, карактер и корен …
Тие вредности не се материјални…, туку длабоко духовно вградени и генетски кодирани низ генерации, напиша на својот фб профил некогашната министерка  за труд и социјална политика, Фросина Ременски.

Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:

Денес, како и секогаш кога доаѓам дома откако не напушти си ја знам обврската да се погрижам, да ги разработам и да се подружам со неговите инструменти за создавање уметност со раце – неговите најверни 2 од 6 машини за шиење.
Знае дека, ако не тој, тогаш јас седнувам на неговите машина, фаќам ножица и штоф, шијам, фирцам, препеглувам и се трудам барем малку да бидам педантен мајстор како него кој внимава на секоја финеса.
Машините се добри и денес, а јас задоволна, горда, благодарна и тажна истовремено … Го нема мојот Мајстор за крој по мерка и љубов вградена во се’ што човек може да го носи вечно, а јас со сите сеќавања во голема бројка колку секој убод од шнајдетската игла на Тато. Не е со нас, но живее во нговите дела, во уметноста создадена со раце и во сите ние по него.
🪡🧵✂️
Да си шнајдерско дете е школо многу поголемо од сите најголеми што ги изучив до сега !
Благодарна на се’