Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 31-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело- Тешка кражба согласно 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик.
На 24 јуни, на улицата “Разловечко востание” во Скопје, во близина на супермаркет, осомничениот се доближил позади грб на една оштетена, ја фатил за левото рамо, а со другата рака и го скинал златното ланче со приврзок од вратот и го украл, стекнувајќи се со противправна корист од околу 30.000 денари. Со трчање избегал кон автобуска постојка на булеварот “Партизански одреди” и се качил во автобус.
Полициски службеници го лишиле од слобода 15 минути подоцна, на автобуската станица кај Симпо, при што кај него го пронашле украденото ланче.
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, кој може да се даде во бегство или да го повтори делото.
извор:Обвинителство