Селин Дион со сите сили се бори со страшните напади кои ги има поради синдромот на вкочанета личност.
56-годишната пејачка веќе извесен период јавно зборува за симптомите, а сега објави и видео во кое доживува серија на мускулни спазми и не може да мрда и да зборува.
Трогателната снимка е дел од документарниот филм кој Селин го снима за својот живот и борбата со болеста, а е насловен „I Am: Celine Dion“.
Дион вели дека дава сè од себе за да се избори со симптомите, бидејќи нејзините синови веќе изгубија еден родител.
„Едвај можев да одам во еден момент и моите деца го забележуваа тоа. Тие веќе изгубија еден родител, не сакав да бидат уплашени“ – изјавила Дион. Нејзиниот сопруг и татко на нејзините деца, Рене Анжелил, почина во 2016 година по долга битка со ракот.
femina.mk