Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ вети и оствари, 5000 денари покачување на пензиите од септември и март- Почнуваме

ВМРО-ДПМНЕ им честита на над 300.000 пензионери, тие конечно можат да бидат спокојни, премиерот Христијан Мицкоски и владата донесоа одлука за линеарно зголемување на пензиите за 5.000 денари.
Покачувањето на пензиите за 5000 денари беше едно од главните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ во изборната кампања, и тоа е остварено веќе во првата недела од мандатот на владата.
Покачувањето ќе се реализира во два наврати. Првото покачување од 2.500 денари пензионерите ќе го добијат во септември. Тоа ќе биде трајно и линеарно, додека второто ќе го добијат во март идната година, кое исто така е трајно и линеарно.
Пензионерите никогаш повеќе нема да бидат лажени со еднократна помош која се продаваше како покачување од страна на СДС и ДУИ, ниту пак со ситни покачувања.
Пензионерите се работната генерација од пред 60, 50 или 40 години, тоа се луѓето кои ја граделе државата каква што е денес и тие ја заслужуваат нашата почит и мора да имаат достоинствен живот.
ВМРО-ДПМНЕ вети и оствари.
За тебе. Почнуваме, истакна Бојан Стојаноски од ВМРО ДПМНЕ.