Почитувани мои, утре (понеделник) 1.7.2024 го очекуваме максимумот на овој краткотраен топол бран од Африка која ја зафати територијата на нашата Македонија. И утре времето ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево.
Што се однесува до температурите, тие насекаде во Македонија ќе надминуваат 30 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие локално ќе се искачат и до близу 40 степени. Во Скопје максималната температура утре ќе се искачи до околу 37 степени.
Ув индекост и утре ќе има многу висока вредност и ќе има коефициент 9, па токму поради ова апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно во периодот од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности, пишува во најновата анализа метеопрогнозерот Славчо Попоски.