Венко Филипче е нов претседател на СДСМ

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче победи на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ.

По обработени 74 од 77 избирачки места, Филипче освои 8.474 гласови, за Јован Деспотовски гласале 2.291 гласачи, а Александар Бајдевски освоил 868 гласови.

Веднаш по затворањето на избирачките места, Бајдевски реагираше на малата излезност и порача дека тоа е поради немањето отчетен Конгрес и избрзаниот како што рече изборен процес.

Деспотовски пак најави приговори и обвини дека над 10.000 социјалдемократи кои се регистрирале за гласање не можеле да гласаат.