Верувале или не – Робот вработен во градската управа се „самоубил“, фрлајќи се по скалите

Веста за првото „самоубиство“ на робот во Јужна Кореја ги шокираше локалните медиуми и покрена прашања за придобивките од вештачката интелигенција на работното место.

Инцидентот бил пријавен во градскиот совет на Гуми во средата, откако било откриено дека нивниот прв робот, кој бил административен асистент, паднал по скалите и престанал да работи, пишува пишува „Франс 24“.

Како што пренесува CNA, роботот престанал да дава знаци на „живот“ откако минатата недела паднал од висина од два метри.

Очевидци наводно го виделе како кружи на едно место пред падот, а точната причина за падот се уште не е позната, изјави претставник на градскиот совет за AFP.

Роботот активно учествуваше во секојдневното доставување документи, промоција на градот и информирање на локалното население.

Информациите на АФП сугерираат дека во моментов нема планови за замена на роботот, кој стана составен дел од градскиот совет.