Штетата од невремето во пристаништето Бар е 35 милиони евра, соопшти црногорската влада

Инвестиција од околу 35 милиони евра ќе биде потребна во пристаништето Бар откако при силното невреме беше уништена или значително оштетена пристанишната механизација и неколку работници беа повредени.

Ова се прелиминарни проценки за штетите во пристаништето, за кои се расправаше на седницата на Владата на Црна Гора на 4 јули.

Без итна помош од црногорските власти, пристаништето во Бар предупредува дека нивните клиенти би можеле да ја пренасочат својата стока во други пристаништа, како и дека оваа мнозинска државна компанија ќе губи околу 14 милиони евра приход годишно.

Лоциран на 75 километри од Подгорица, на југот на Црна Гора, Лука Бар е еден од најважните економски ресурси на земјата.

Во силното невреме кое на 2 јули зафати поголем дел од Црна Гора загинаа две лица, а најголема материјална штета претрпе инфраструктурата на пристаништето Бар.

Уништени се сите три претоварни моста и товарната кула за жито со капацитет од 300 тони на час, додека подвижната лента што се користи за пренос на жито од бродот до силосот, како и бункерите на врската брод-вагон-камион. беа оштетени.

Срушените мостови се изградени пред половина век.

Пристаништето побара итна набавка на пристанишни машини – што е еднакво на загуба на три претоварни моста и механизација за товарење жито во брод со капацитет од 300 тони на час.

Основното државно обвинителство во Бар ги истражува причините за падот на три кранови во пристаништето, изјави за РСЕ на 3 јули шефот на обвинителството Радован Ѓуришиќ.

 

slobodnaevropa.mk