Од Сахара кон Балканот и Македонија од недела пристигнува нов облак со прашина и песок

0
118

Почитувани мои, во склоп со многу топлиот бран кој од овој викенд ќе ја зафати територијата на Македонија, но и на целиот Балкански Полуостров, по кој знае кој пат оваа сезона доаѓа и нов облак со прашина  и песок од Сахара, и тоа од недела.

Овој облак со прашина и песок од Сахара преку Италија, па потоа према Велика Британија и централните предели од европскиот континент ќе се спушти најпрвин кон северен и централен балкан и тоа во недела. Кај нас во Македонија Сахарската прашина  и песок ќе пристигнат од понеделник и ќе се задржат најмалку 3 до 4 денови.

Токму поради ова  и атмосферата повторно ќе ни биде заматена, а сонцето ќе го чувствуваме како да е од под облак. Со оваа прашина  и песок од Сахара ни доаѓа  и мачното и спарно време, а температурите кои ги очекуваме ќе ги чувствуваме како да се повисоки од реално измерените.

Инаку како што веќе најавив, од овој викенд, како и во текот на следната седмица температурите насекаде во Македонија ќе надминуваат 30 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурата локално ќе се искачи и до близу 40 степени. Ув индекот ќе има коефициент 9, па токму поради ова апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности, пишува во најновата објава метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk