Анастасија и Тијана од Василево ги скратија косите и ги донираа за деца болни од рак

0
81

Две сестрички со хуман гест станаа вистински пример за сите нас. Малите Анастасија и Тијана од Василево ги скратија своите коси и прамените ги донираа за изработка на перики за дечиња болни од рак.

Фотографиите од девојчињата ги објави фризерот Александар Тошев.

„Уште еден позитивен пример за сите: Сестрите Анастасија (13) и Тијана (8) од Василево ги скратија долгите коси и ги донираа за дечиња болни од рак“ – напиша тој.

 

 

femina.mk