Легендарниот актер Гоце Тодоровски наполни 73 години

0
150

ГОЦЕ ТОДОРОВСКИ (6 јули 1951 година во Кичево) е македонски театарски, филмски и телевизиски актер.


По завршувањето на Факултетот за драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, во класата на проф. Илија Џувалековски се вработува во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнува како мошне надарен и суптилен комичар. Покрај ангажманите во матичниот театар, тој е често присутен на програмите на радиото и телевизијата учествувајќи во скоро сите хумористично – сатирични емисии, драми, серии и друго. Чест гостин е и во другите театарски куќи во Македонија.
Од својот прв настап на телевизијата во 1976 година во тв драма „Цимерите од собата 306“ па до денес остварил осумдесетина настапи ,претежно на телевизијата и неколку на филмското платно.


Тој е добитник и на неколку награди :
1980 – Награда за најдобра улога за ликот Цанде во претставата „Солунски патрдии“ на фестивалот за Театарски игри „Војдан Чернодрински“ – Прилеп
1986 – најпопуларно ТВ лице според ревијата анкета на весникот „Вечер“
2011 – Награда за животно дело “Војдан Чернодрински”
2020 – Награда св. “Јоаким Осоговски”