Почитувани мои, во текот на следната седмица нашата територија, но и територијата на целиот Балкански Полуостров ќе се наоѓа под влијание на екстремно топол бран од Африка. Температурите на воздухот постојнано ќе бидат во пораст, па така тие насекаде ќе надминуваат 30 степени.
Во поголем дел од Македонија максималните температури ќе се искачат и до околу 35 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе се искачат и до 40 степени. Не се исклучува можноста локално тие и да надминат 40 степени, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.