Премиерот Христијан Мицкоски пристигна во Вашингтон, каде заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски како и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја започнаа официјалната посета на САД, каде ќе бидат дел од одбележувањето на 75 години НАТО.
Мицкоски најави голем број на билатерални средби со државници од земјите членки на Алијансата, но и средби со бизнисмени и со македонската дијаспора, на кои ќе им ги презентира придобивките од инвестирање во Макеоднија. Тој ја најави и новата странска инвестиција на компанија од листата на 500 најголеми компании во светот.