Гужви на „Табановце“, се чека за влез во Македонија

0
47

Огромни гужви на граничниот премин „Табановце“ каде стотици возила чекаат да влезат во Македонија. Претежно оние што чекаат се туристи од Србија каде своето патување ќе го продолжат кон Грција.

Од снимките на надзорните камери може да се види дека речиси сите ленти на овој граничен премин работат со полна пареа нешто што го најави МВР, но сепак и тие се недоволно да се задоволат стотиците граѓани кои се упатени на некоја од грчките плажи.