Трамп: Куршумот ме погоди во десното уво, имаше многу крв

0
100

Доналд Трамп на својот Твитер профил објави дека куршум поминал низ горниот дел од десното уво.
Тој им се заблагодари на Тајната служба и на сите органи за спроведување на законот за нивната брза реакција по пукањето во Батлер.

„Она што е најважно, сакам да изразам сочувство до семејството на убиениот на митингот и да му дадам поддршка на семејството на тешко повредениот. Неверојатно е таков чин да се случи кај нас. ништо не се знае за напаѓачот кој е мртов“, напиша Трамп.

“Ме погоди куршум кој минуваше низ горниот дел од десното уво. Веднаш знаев дека нешто не е во ред кога слушнав свирежи, истрели и веднаш почувствував како куршумот минува низ кожата. Имаше многу крварење, па Сфатив што се случува Бог да ја благослови Америка“, рече Трамп.