(ВИДЕО) Полициски хеликоптер исфрли над 38 тони вода врз пожарот на планината Серта

0
86

Денеска (14.07.2024), полициски хеликоптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици продолжи да дејствува врз пожар што е се уште активен на планината Серта. Хеликоптерот во 25 налети исфрли над 38 тони вода. Во раните утрински часови се дејствуваше на кракот од пожарот што се наближуваше кон селото Калањево и откако истиот беше ставен под контрола се продолжи да се дејствува на преостанатите краци од пожарот.