Ја чистел пушката и случајно си го убил пријателот со кој бил на лов

0
147

Вчера полициски службеници од ОВР Македонски брод лишиле од слобода 3 лица, Т.Т.(63) од Македонски Брод, А.Т.(39) од Македонски Брод, Д.Д.(21) од с.Суводол, Македонски Брод и И.М.(29) од Кичево. Тие се сомничат дека се инволвирани во кривично дело по член 123 од Кривичниот законик.

„Т.Т. пријавил во полициска станица дека околу 23.00 часот, во дворот од неговата куќа во с.Калуѓерец, општина Македонски Брод, при чистење на ловечка пушка, пушката испукала еден куршум кој го погодил Д.С.(31) од Кичево, со кого сите заедно биле на лов. Од здобиените повреди Д.С. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“ се вели во билтенот на МВР

Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Македонски Брод, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, велат од МВР.