Олимпискиот факел светна на Ајфеловата кула

0
92

Францускиот скокач со стап Рено Лавинели со олимпискиот факел стои пред Олимписките прстени на Ајфеловата кула во Париз. Француската џудистка Кларис Агбењену пак ја имаше честа да го претстави олимпискиот оган на највисоката платформа на Ајфеловата кула висока 330 метри. Церемониите на доделување на наградите ќе се одржат во подножјето на знаменитоста во Париз за време на Олимписките игри (26 јули – 11 август 2024 година). Како посебен белег, сите направени 5.000 медали содржат мали железни делови од структурата стара 135 години.

 

DW