Бронзен медал за Владимир Ѓорѓиески на ЕП во Словенија

0
68

Владимир Ѓорѓиески испиша историја во македонскиот билјард, бидејќи стана првиот Македонец кој освои медал на едно Европско првенство.

Нашиот репрезентативец во Подчетртек, Словенија настапи во категоријата инвалиди во колички и во дисциплината осумка се пласира на третото место и освои бронзен медал.

На Европското првенство дресот на Македонија го носеше и нашиот шампион Христо Василевски, кој запиша неколку победи, но не успеа да стигне до разигрувањата за медали.

Во истиот град од 23 до 30 јули ќе се одржи и младинско Европско првенство, каде Македонија ќе ја претставуваат Андреј Ѓурчиновски и Илија Димовски.

 

gol.mk