Врз основа на укажаната потреба и побарувања за поголем обем на ангажман во гасењето на пожарите, донесов одлука за ангажирање на дополнителни 200 припадници на Армијата во гасење на пожарите, напиша на социјалните мрежи, Претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова.
Дополнителните сили од составот на Командата за операции и Командата за обука и доктрини ќе се ангажираат по насоки на Центарот за управување со кризи, кој е надлежен за координација на сите вклучени институции.
Од денеска вкупно 300 армиски припадници ќе даваат активен придонес на терен во локализирање на пожарите, објави Силјановска Давкова.