Кремљ: „Концентрираното присуство“ на НАТО бродови во Црното Море е закана за Русија

0
81

Кремљ објави дека Русија ќе ги смета за закана сите планови за воспоставување постојано присуство на воени бродови на НАТО во Црното Море.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков одговараше на новинарски прашања за новата стратегија за поморска безбедност на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Се разбира, концентрираното присуство на бродови на НАТО – особено Бугарија и Романија, приморските држави кои се членки на Алијансата (НАТО) претставува, особено во сегашната ситуација, дополнителна закана за Русија“, им рече Песков за новинарите.

 

 

slobodnaevropa.mk